Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден
На 27.09.2017 година, Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот ги благослови кумските лебови.